Бошкоски: Останав жив за режимите да се изживуваат со мене

Екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски кој е обвинет за помагање во двојното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година, пред судот побара ослободителна пресуда. Во завршниот збор, Бошкоски го нарече судскиот процес за „Ровер“ апсурден, додавајќи дека тој, и екс премиерката на Украина Јулија Тимошенко, се единствени политички затвореници во Европа.

-Нема режим од југословенскиот наваму што не ме затворил. Останав жив, за да можат различни режими да се изживуваат со мене и со мојата визија за поинаква Македонија. Би сакал да ја искористам оваа можност да им простам на своите прогонители, како и на прогонителите, на прогонителите, истакна Бошкоски, пренесува Академик.

 ФОТО: Дневник