Снегот направи хаос - се расчистуваат патиштата до завеаните села
Општина Старо Нагоричане со две машини ги расчистува патиштата завеани од снег, кои водат од село Арбанашко кон повискоите планински села, Малотино, Цветишница, Мгленце, Жегљане и Длабочица.
Висината на снежната покривка на овој потет се движи од 40 до 60 сантиметри.
Од општината информираат дека побарале и дополнителна механизација од Дирекцијата за заштита и спасување.
Регионалниот центар за управување со кризи, пак, соопшти дека екипите на ЕВН Македонија и денеска се на терен и ги санираат дефектите во нисконапонската мрежа.
Оцени ја веста
10.03.2015 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа