ФОТО: Погледнете како изгледа дворецот на Путин
Во 3D панорама може да се погледне ентиерот и екстерните впечатливи споменици на руската архитектура, меѓу која е и Кремљ.
Во Кремљ се наоѓа резиденцијата на претседателот на Русија Владимир Путин и значајните споменици на архитектурата, кој се нераскинливо поврзани со историјата на руската држава. На интернет е сега можно да се најде и виртуелното разгледување на главниот симбол на оваа земја кој се простира на Боровицката висорамнина, на левиот брег на реката.
На страниците на овој проект ќе може да се забележи и Кулата на Московски Кремљ, да се воодушевувате на часовникот на Кремљ, внимателно да ја разгледате неодалеку прочуената „Цар топа“ и „Цар ѕвоно“. Особено ќе биде интересно шетањето по Големиот дворец на Кремљ.
Исто така на страниците на проектот може да сепрошета низ ентериерот на Државниот кремљски дворец. Панорамата ќе биде достапна за разгледување со таблети и смартфони.
Инаку, денешните ѕидини и кули се изградени во периодот меѓу 1485 и 1516 година но, првата тврдина и опкружување со ѕидови се појави на ова место во 1256 година. За време на монголско-тартарската инвазија, во 1238 година, Кремељ бил разрушен, а потоа во 1339 година повторно обновен.
Погледнете како Кремљ изгледа овде:
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа