Саем за вработување и пракса на студенти

 

Понуда на работни места за студенти и пракса  од областа на нивната стручност е целта на Саемот за вработување Job Fair, што се одржува на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје 

По синоќешното отворање на Саемот за денеска и утре се најавени презентации на компании и предавања на професори. Дел од темите кои ќе бидат опфатени се: „Пронаоѓање на работа преку интернет користејќи Autodesk софтвер“, „Употреба на 3Ds Max и Plug-ins“ и „Пасивни Куќи“. 

Дополнително, оваа година ќе има и второ издание на Саемот за вработување кој ќе се одржува од 5 до 7 мај на комплексот Технички факултети како и новитет оваа година на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега