"Каде ми те носат сине, што ќе правам без тебе" - мајката на деветгодишното детенце скршена

Деветгодишниот Његош Ракиќ кој откако и даде цвеќе на мајка си за Осми март па отиде да лови риби, по што падна и се удави, беше испратен во вечното живеалиште. Неговото семејство е скршено од болка, а неговите другарчиња од училиште не можат да поверуваат и да се помират со загубата.

- Твојата клупа остана празна, многу ни недостигаш. Тешко ни е што мораме во овој момент да се простиме од тебе. Ќе те памтиме како весело и насмеано детенце, велат неговите другарчиња.

Неговата мајка која инаку е самохран родител, е завиена во црно.

- Каде ми те носат сине...ми купи цвеќе па замина...извикувала таа од болка.

Детенцето се удавило откако отишло со својот брат да лови риби. Полицијата и Брзата помош веднаш стигнале на местото на настанот, но за жал не можело да се направи ништо.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега