Заев е марионета којa се обидува да направи беља на својот народ

На народот му се исцрпува довербата во сопствената држава, во сопствените институции. Ова мора да престане. Ова беше првата намера на оние што го замислиле овој преврат односно дестабилизација на Македонија.

Овие зборови ги упати новинарката Мирка Велиновска на вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија кое се одржа во општина Кисела Вида.

-Ако гледате надвор од овие слики што ни ги проектираат тие што учествуваат како квислинзи во ова, како платени соработници на странски служби, ако го гледате фактите ќе видите дека цел месец ние гледаме како се подготвува македонскиот народ за поделба, се подготвува терен за граѓанска војна што никогаш не сме го имале како искуство. Исклучени се од оваа игра албанските политички фактори, албанската популација и другите малцинства. Исклучени се и носителите на функции на СДСМ. Точно гледате дека е таргетиран македонскиот гласач кој во девет циклуси едно по друго дава доверба на една политичка структура, истакна Велиновска.

Таа ги повика сите без разлика за кого гласале, да се запрашаат кој би можел да го подготви ваквото сценарио.

-За Зоран Заев и неговите помагачи воопшто не сакам да разговарам. Мене ми е под секое ниво, под честа на секој Македонец. Платеници има секаде. За нив ништо не значи ни зборот земја, ни држава ништо не значи. Тие си профитираат од ова. Луѓето се викаат секаде во свет чин на војната. Тие се марионети, истакна Велиновска.

Таквите марионети, рече новинарката, секаде во светот се употребуваат да направат белја за своите народи.

-Некој во Македонија со овој преврат сака да не врати онаму каде што бевме во 2001-ва година. Не случајно истото сценарио е избрано. И 2001-ва ни почна со „Големото уво“, аферата прислушување. И оваа така почна. Се бара начин бидејќи народот довербата на избори ја дава на одредена политичка гарнитура која не им одговара на оние кои ја инспирираат дестабилизацијата на Македонија, тие бараат начин да го премостат македонскиот гласач, заклучи новинарката. 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа