ЕУ ќе заштеди 120 милијарди евра годишно со формирање заедничка армија
Здружувањето на воените и одбранбени ресурси на земјите од Европската унија ќе овозможи заштеда на 120 милијарди евра годишно, изјави денеска портпаролката на Европската комисија Мина Андреева, јави ТАСС.
Изјавата на Андреева доаѓа по вчерашното интервју во германскиот весник „Велт ам зонтаг“ на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, во кое тој се залага за формирање на заедничка европска армија. Според Јункер европската армија нема да биде формирана за веднаш да биде распоредена, но заедничка европска армија ќе покаже на Русија дека се однесуваме сериозно кон заштитата на вредностите на ЕУ.
Според Андреева идејата за создавање на долгорочен план на армијата на ЕУ ќе биде разгледана на јунскиот самиот на Унијата во рамки на дебатата за заедничка одбранбена политика.
Пред форумот Јункер и еврокомесарот за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини ќе претстават заеднички план за зајакнување на европската политика во областа на одбраната, што ќе биде основа за разгледување на темата за заедничка армија, изјави портпаролката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа