Ирина ги откри причините за раскинувањето со Роналдо

 

Неколку месеци откако ја прекина врската со Кристијано Роналдо, Ирина Шаeк конечно реши да проговори за целокупната ситуација, откривајќи ги причините поради кои таа веќе не е заедно со најголемата фудбалска ѕвезда на денешницата.

Руската манекенка во интервју за шпанскиот магазин „Хола“ обелодени дека е разочарана од Португалецот, кој се однесувал како дете, а не како вистински маж.

-Мислев дека сум го нашла идеалниот маж, но се покажа дека не сум била во право. Сакам искрени мажи кои се верни на своите жени, а Кристијано не беше таков. Тој беше еден од оние кои се однесуваат како деца, а не како мажи, таквите секогаш ги прават жените несреќни на крајот. Јас се чувствував грдо и несигурно крај него, истакна Русинката.

Роналдо и Шајк неколку години беа заедно и многумина очекуваа врската да ја крунисаат со брак токму во 2015 година, па изненадувачки делуваше нивната разделба на крајот од декември 2014.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега