Трајановски најавува уште новитети во Аеродром

 

Скопскиот Коце Трајановски денеска се сретна со претставниците на урбаните и месните заедници во општина Аеродром. Тој по средбите истакнал дека фазна реконструкција и проширување на улицата „Трета македонска бригада“ и продолжувањето на булеварот „АСНОМ“ кон Лисиче се најважните проекти што во иднина ќе се реализираат во општина Аеродром. 

На средбата, како што информира Град Скопје, што се одржа во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во населба Аеродром, присуствувале градоначалникот Ивица Коневски, службите на Град Скопје и на јавните градски претпријатија. Трајановски и Коневски истакнале дека досегашните средби дале позитивни резултати и како плод на одличната соработка меѓу двете општини се реализирани голем број проекти.

На овие средби претставници на урбаните и на месните заедници имаат можност да разговараат со градските служби и јавните претпријатија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Скопје, да понудат предлози и идеи за нивно надминување, како и предлози за подобрување на работата на јавните претпријатија.

Претставниците од урбаните и од месните заедници од Аеродром дискутирале на повеќе теми и доставиле повеќе барања до јавните претпријатија, пред се за воведување нови и промена на постојните линии на ЈСП - Скопје, поставување сообраќајна сигнализација на одредени места, како и барања за чистење  депонии создадени од несовесните граѓани.

Паралелно со овој состанок, екипи и механизација на јавните претпријатија изминативе неколку дена спроведуваат акција за чистење на општина Аеродром.

ФОТО: Денешен

најчитано сега