Меси е пред Роналдо и Ди Стефано
Лионел Меси беше еден од креаторите на победата на Барселона над Рајо Ваљекано.
На „Камп Ноу“ беше дури 6:1 во корист на екипата на Луис Енрике, а Аргентинецот го постигна триесетиот гол во сеозната во Примера.
Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина со победата оствари и нов хет-трик.
Меси на овој начин се запиша во аналите на шпанскиот фудбал бидејќи ова му е 24-ти хет-трик , а 32-ри вкупно во сите натпреварувања во дресот на Барселона.
Со новиот хет-трик го престигна и Кристијано Роналдо кој има 23, додека второто место го делат легендите Телмо Зара и Алфредо ди Стефано со по 22.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа