Груевски: Со еднократниот отпис на долгови реагиравме како ниту една влада во светот

Деветстотини милиони денари досега се отпишани долгови на 9.000 семејства во рамки на владината мерка за еднократен отпис на долгови на граѓаните. Вкупно во рамки на мерката се поднесени 41.765 барања и се работи на  подготвување решенија. На триесетина од нив денеска им беа доделени решенијата за отпис на долговите. Решенијата ги додели премиерот Никола Груевски.

- Во духот на нашите заложби засновани на начелата на хуманизам, социјална праведност и солидарност изминатата година ја донесовме мерката за еднократен отпис на долгови на граѓани. Ова беше наше изборно ветување и беше директно наменета да помогне на најпогодените наши граѓани. Реагиравме човечки, реагиравме како ниту една влада во светот што не реагираше, рече премиерот.

Најголемиот дел од отпишаните долгови се за струја, потоа кредити и минуси на трансакциски сметки и за долгови за радиодифузна такса и топлинска енергија. 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега