Маврово блеска во бело - еве каде наврна најмногу снег

Времето во земјава утрово е Облачно со повремен локален снег, а во крајниот југоисточен дел врежите се претежно од дожд освен во Демир Капија каде има  врнежи од снег. Дува слаб ветер од северен правец.

Снежната покривка е најголема во Маврово118 сантиметри, 59 во Пожаране, 40 во Лазарополе, 35 Ѓуриште, 32 Крушево, 29 Пожар, 22 Крива Паланка, 15 Битола, 10 Тетово, 6 Берово, 2 Скопје, Демир Капија и 1 Прилеп.

Најниска температура од -7 е измерена во Маврово, -5 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово и Пожар, -3 во Ѓуриште и Пожаране, -2 во Крива Паланка, Струмица  и Тополчани, -1 во Прилеп и Претор,  0 во Скопје, Охрид, Тетово, Виница, Куманово, Штип, Демир Капија и Битола, 2 во Дојран и 3  во  Гевгелија.

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега