Ова е најголемиот херој во Србија - пронашол 6000 динари кои ги дал на учителката!

Парите биле растурени по улицата. Ги собрав и ведев дека вкупно беа 6000 динари. Знаев дека морам да ги предадам затоа што не беа мои, и и ги дадов на учителката, вели десетгодишнио Страхињ Табиќ. 

Ученикот од четврто одделение од ОУ „Милован Глисиќ“ во Ваљево, Страхињ Табиќ на вистински начин им одржа лекција на многумина за почитување, и покрај тоа што живее во семејство кое живее во скромни услови и чија куќа настрадала во мајските поплави.

Дечкото за пример, парите ги пронашол на патот од куќата до школото. Вели дека во ниту еден момент не се двоумел и дека знаел што мора да направи. 

„Парите беа растурени по улицата. Јас ги собрав и тогаш видов дека беа 6000 динари. Парите веднаш ги предадов на учителката кога стигнав во школо. Таа ме пофали пред целото одделение и ми рече дека така треба сите деца да постапат. Родителите ми рекоа „секоја чест“, вели ова момче.

Многумина беа тргонатни од овој гест на ова момче со невработени родители и сестра средношколка кои живеат во тешки услови, поради мајските поплави кои им ја оштетија семејната куќа.

Истовремено бев горда и одушевена од неговиот потег, особено што знам во каква ситуација се наоѓа неговото семејство. До сега во мојата кариера како учителка немам видено вакво нешто. Многу сум горда на него, особено што направи одличен пример и за другите деца“, вели неговата учителка Јасмина Марковиќ.

Парите беа пренесени во полицијата, каде велат дека ова е прв случај да некое дете ги има пронајдено на улица и ги предаде на постара личност. 

„Парите ги депонираве во полиција и ако му влеземе во траг на сопственикот истите ќе му бидат вратени, а доколку не, ќе бидат дадени за хуманитарни цели. До сега некој сличен гест како овој немаме видено, и затоа ова момче е за вистинска пофалба“, вели инспектораката за малолетничка деликвенција од полицијата во Ваљево Елена Петровиќ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега