Хаос на патиштата - што се случува на Стража?

Забрани за движење на тешки товарни возила во 19 часот е воведена на планинските премини Стража и Плетвар и на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир.

Останува забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец крак Маврово - Дебар.

АМСМ соопшти дека од 17 часот и 30 минути ромите од ромската населба го блокирале магистралниот пат А3 Ресен - Битола и Ресен - Прилеп.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во северните, западните и југозападните делови од државата. Во источните делови врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Делчево и Смојмирово. Во јужните делови од државата има врнежи од дожд.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа