До недела ќе не натрупа снег

Висината на снежната покривка во Маврови Анови изнесува 88 сантиметри, во Пожаране 40, Лазарополе 36, Дебар 26, Крушево 19, 10 сантиметри е во Тетово и Ѓуриште, 9 во Тополчани, три во Крива Паланка и Битола, а еден во Прилеп и Претор.

УХМР соопшти дека до 19 часот наврнат воден талог во Битола има седум литри на метар квадратен, шест во Демир Капија, четири во Тополчани, три во Берово, Струмица и Гевгелија, два во Пожаране, еден во Крива Паланка, Виница, Прилеп, Пожаране и Претор.

Времето ноќеска ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во крајниот југоисточен дел врнежите ќа бидат од дожд и снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во источните и јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог, а на планините нов снег од околу 20 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од најпрво од дожд и снег, а подоцна во ноќта само од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Утре се очекува променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од 0 до 6 степени.

Во недела ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен северен ветер.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утрински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега