„Бубалиците“ му оддадоа почит на Леонард Нимој

Во синоќешната епизода на телевизиската серија „Бубалици“ му беше оддадена почит на неодамна починатиот глумец Леонард Нимој.   

Екипата на „Бубалици“ на крајот од епизодата објави порака проследена со фотографија на Нимрој која гласеше: „Влијанието што го имаше врз нашата серија и нашите животи е вечно“.

Нимој, кој се прослави со улогата на Спок во серијалот „Ѕвездени патеки“, беше еден од идолите на главниот лик во „Бубалици“, Шелдон Купер, кого го толкува Џим Парсонс, па затоа и беше „ѕвезда-гостин“ во една од епизодите на серијата.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега