Ова нема крај: Северина како доказ нуди видео снимки од секс

Хрватската ѕвезда Северина нуди во судница да се прикажат видео снимки од секс со кои ќе докаже дека таа и Поповиќ се сакале многу подолго отколку што тој тврди.

Адвокатот на Северина донесе цели списоци во судницата, па судијата на застапникот на Милан Поповиќ му даде доволно време тие да ги проучат. Во нив се наоѓаат докази за тоа како милионерот и пејачката биле во врска три години. Тоа е доволно нивниот однос да се третира како вонбрачна заедница. Во случај да успее во тоа, Северина може да бара половина од имотот кој тој го стекнал за тоа време.

Од друга страна Поповиќ тврди дека биле во врска само година дена и дека нивната романса завршила пред Севе да го роди Александар.

Да потсетиме српскиот бизнисмен бара враќање на 308.000 евра колку што, тој тврди, вложил во нејзината кариера. Тој пресметал дека на Северина потрошил милион евра, а двете третини од долгот и ги простил.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега