Исповед на елитна проститутка: И ние проститутките се заљубуваме и страдаме

-Со него немав потреба да се докажувам во кревет. Само сакав да бидам тоа што сум и да уживам. Во моментот кога сфатив дека не можам да бидат неговиот избор поради тоа што го работам, се згрозив сама од себе, низ солзи за Телеграф.рс раскажала елитната проститутка Анџелина.

Професиите како проституција и стриптиз кај јавноста се на вечна осуда. Ретко која жена, но и маж се одлучува да се занимава со проституција. Најчесто, тие се осудувани, мета на критики, при тоа не размислувајќи дека и тие се луѓе кои имаат чуства, кои се заљубуваат, кои љубат, страдаат, се разочаруваат...

Приказната до која случајно дошла екипата на Телеграф.рс допре до многу срца. Станува збор за љубовната приказна помеѓу проститутката Анџелина П. од Белград која одлучила да го раскаже своето искуство. 

-Како проститутка работев од мојата 25 до 28 година. Работев исклучително со богаташи. Најчесто ми се јавуваа сопственици на компании кои сакаа да им ја разубавам вечерта на деловните партнери кои им се на посета. Патував многу и имав среќа што ниту еден од нив не ме малтретираше. Голем дел од нив ме изнесуваа на вечера и не ме доживуваа како парче масо само поради тоа што сум девојка со завршен факултет, образована и културна. Радосни беа бидејќи со мене можеа да зборат и за посериозни теми, признала Анџелина. 

Амос го запознав на 28 години. Бевме во Букурешт на потпишување на некој договор. Директорот ме прати кај него во соба и ми рече дека станува збор за многу важен клиент кој е тежок за соработка. Инаку, Евреин, оженет и со едно дете. Сопругата и детето живеат во Израел, а тој патува постојано, вака Анџелина ја започнала својата љубовна приказна.

-Дотерана, весела и насмеана влегла во неговата соба со една мисла - уште еден клиент, уште една шанса за добра заработка.

-Вратата ми ја отвори маж, висок два метра со насмевка на лицето и многу пријатен. Чим го здогледав знаев дека ова нема да биде само "уште еден клиент". Мислам дека секогаш ќе ги помнам деталите од времето поминато заедно. Ме праша како може да ми помогне, а јас му кажав дека директорот ме пратил за да го опуштам. Тој сфати за што станува збор и ми рече да влезам, додала Анџелина, при тоа истакнувајќи дека тие двајца имале неверојатна хемија. Од првиот момент кога ја допрел таа знаела дека тој е тој.

 За разлика од многумина нејзини клиенти, Амос не поминал одма на "главната работа". Најпрвин тие разговарале. 

-Разговаравме долго, иако едвај чекав да ме допре, да ме пољуби, да спие со мене. Со него немав потреба да се докажувам во кревет. Само сакав да бидам тоа што сум и да уживам. Иако директорот ме прати кај него на 2 до 3 дена, сепак Амос реши да го продолжи престојот во Букурешт најпрвин на 7, па подоцна и на 15 дена. Не се разделувавме. Шетавме фатени за раце, разговаравме за се и сешто - од банални па се до политички и религиозни теми. Тоа беше најубавата врска во мојот живот. Но, за жал, платена! Во еден момент и двајцата изгубивме спој со реалноста. Тој заборави дека има семејство, а јас пак, дека сум проститутка, раскажала Анџелина. 

Но, по 15 дена тие морале да се разделат. Анџелина плачела со часови, плачела како да се разделува од човек кој го познава цел живот. Се договориле дека ќе се видат повторно. Тој ден тој заминал за Лондон, а Анџелина му рекла дека ќе се обиде да дојде. Времето кое го поминале разделени, тие постојано си праќале мејлови, пораки...

-Му се јавив на шефот и му кажав дека сум болна и дека не можам да работам се со цел да заминам за Лондон. Кога се видовме на аеродромот трчавме еден кон друг. Беше како од филм. Во моментот кога сфатив дека не можам да бидам неговиот избор поради мојата професија, се згадив самата од себе. Го прашав дали сака да прекинеме, а тој ми кажа не. Ми рече дека сака да прекинам со тоа што го правам за да заработам,. Побара од мене да сум постојано со него, на сите патувања, посети. Да бидам негова, само негова, со солзи во очите раскажувала Анџелина при тоа додавајќи дека и таа побарала од него тој да ја остави сопругата.

Му ветила дека ќе го сака неговото дете како да е нејзино и дека ќе прекине да се занимава со проституција само ако тој реши да ја остави сопругата. Но, Амос не се согласил. И рекол дека ситуацијата не е така едноставна и заминал за Израел. 

-Едно утро ми пристигна мејл. "Ана знае. Ја најде твојата фотографија во куферот. Ми побара развод. Ми се заканува дека нема да ми даде да го видам детето доколку не се согласам на сите нејзини услови". Ми се пресекоа нозете. Го прашав што планира да прави и ми рече дека ќе ми се јави. Го немаше седум часа, иако мене ми изгледаше како цела вечност. Беше два часот по полноќ кога некој почна да ми тропа на вратата. Отворив, а на прагот стоеше Амос, пијан, уништен....Ми кажа дека морал да ме види, но дека не може понатаму. Ми рече дека мора да се бори за своето семејство и покрај тоа што ме сака мене. Го прегрнав и почнав да плачам. Утрото го испратив и знаев дека е крај, признала Анџелина, при тоа откривајќи дека и покрај тоа што тој не останал со неа таа решила да прекине да се занимава со проституција. 

По неполни два месеци, Анџелина дознала дека е бремена. По долго размислување, решила да му прати мејл во кој му признала дека е бремена и дека носи негово дете, како и дека не бара ништо од него. Но, Амос и кажал дека се развел од Ана како и дека ќе се пресели во Белград. Меѓутоа, работите не биле така сјајни. Амос се преселил во Белград, купил поголем стан и заедно со Анџелина почнале да се подготвуваат за бебето. На почетокот, се било сјајно....како од бајка. Неговиот син останал со Ана, која кога дознала дека Анџелина е бремена почнала да му забранува да го види својот син како и да му се заканува дека ќе му одземе се.

Тогаш, започнал кошмарот. Амос праќал алиментација, но доколку задоцнел по пошта му пристигнувала тужба од судот во Израел, како и предупредување дека ќе му го одземат синот.

-Сето ова донесе тензија во нашиот живот. Почнавме да се караме за најситните работи. Она што личеше на бајка, тогаш се претвори во кошмар. Почнав да чувствувам болки во стомакот уште во трети месец. Бев на гинеколог кој ме предупреди "Помалку стрес, повеќе одмор". Меѓутоа, беше невозможно. Бев под стрес секој ден и тоа поради односот на Амос со неговата поранешна сопруга. Амос беше исфрустриран што не можеше да го види синот и разочаран што не може ништо да направи. На крајот на денот, јас го "јадев подебелиот стап". Едно утро ми рече дека можеби било попаметно јас да сум се преселела во Тел Авив. Тогаш ми стана јасно. Го прашав дали сака да врати дома, а тој ми кажа дека размислува. Дека се е многу комлицирано и дека ова не оди вака, раскажува Анџелина при тоа додавајќи дека во тој момент започнале болките.

Веднаш потоа, Анџелина почнала да крвари, а Брзата помош стигнала по 15 минути. Амос постојано бил со неа, но тој ден таа го загубила бебето. Што и да и кажел тој, но и докторите не помагало....светот на Аџелина се срушил.

Кога ја напуштила болницата, на Аџелина и биле потребни месец дена за да дојде на себе. Амос платил жена да се грижи за неа, а тој се вратил во Израел за да ги среди работите околу судскиот процес.

-На почетокот се јавуваше секој ден, па потоа секој втор, па секој трети...за да во еден момент повиците престанаа. Не можев да го добијам ниту на еден од броевите кои ги имав, а на мејловите не ми враќаше. Не можев да поверувам дека нашата приказна заврши вака. Оттогаш поминаа две години. И денес, кога ќе заѕвони телефонот мислам дека е тој. И никогаш не е! Јас во меѓувреме завршив воспитувачки курс и работам во градинка, ја завршува својата приказна Анџелина.  

Извор: Вечер

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега