Македонија во жолта алертна фаза - не седете на отворено и пијте течности

Македонија и денеска ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, алертна фаза.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека денеска ќе биде сончево и многу топло со температура до 37 степени и УВ индекс 9.

Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност. Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.

најчитано сега