Штипските гимназијалци се вратија во училишните клупи

Штипските гимназијалци денеска се вратија во училишните клупи, по протестите и бојкотот на наставата, заради задолжителното полагање на математика во државната матура. Средношколскиот пленум денеска ќе ги конципира барањата и ќе ги достави до Министерството за образование.

Од раководството на штипската гимназија велат дека учениците се вратија во клупите, откако заеднички се договориле и им укажале дека постојат и други начини да им се слушнат барањето за укинување на математиката како задолжителен предмет при полагање на државната матура.

Средношколците го кренаа гласот за задолжително полагање на математиката во државната матура, сметаат дека не треба да го имаат овој предмет како задолжителен, бидејќи поголем дел од гимназијалците продолжуваат на општествените науки или на Факултетот за медицински науки.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега