Мојсоски и Станиќ нова мета на „Вардар Про“?

 

 

Македонскиот шампион „Вардар Про“ е заинтересиран за услугите на Дарко Станиќ и Наумче Мојсоски за да направи дрим - тим кој би стигнал далеку во Лига на шампиони, пренесува порталот Екипа.

Покрај Тимур Дибиров, Алем Тоскиќ и Стефан Терзиќ, во тимот на Вардар Про одат уште и левиот бек Алексеј Растворцев, десното крило Даниел Шишкарев и пикерот Михаил Чипурин, сите Руси и играчи на Чеховски Mедведи. Освен овие играчи,  договорен е и Матјаж Брумен кој е крилен играч од Словенија (Цимос, Копер).

Но, тука не застануваат желбите на ВАрдар. Според „Екипа“, македонскиот шампион сака да ги присвои и Наумче Мојсоски и Дарко Станиќ. Тие имаат актуелни договори со Металург, но, останува да се види дали дефинитивно ќе останат во овој тим, посебно откако раководтсвото на Металург подели откази на повеќе играчи.

ФОТО: Нова Македонија

 

најчитано сега