Ставрески: Позитивните трендови во градежништвото се очекува да продолжат и во наредниот период

Отворен е 12. Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 5. Саем за недвижности и инвестиции што од денеска до 7 март се одржува на Скопски саем. Оттаму очекуваат годишното издание на саемот за градежништво и за недвижности да надмине 15.000 посетители.

 Градежништвото како гранка е исклучително значајна и според обемот на работа и според бројот на лица што се вработени и според значењето за економијата и за животот на граѓаните. Од тие причини Владата во изминатите години го помога градежништвото и вложува преку капитални инвестиции значителни износи на средства кои помагаат да се создаде работа за домашните градежни фирми, рече Ставрески кој присуствуваше на отварањето.

Министерството за финансии првпат е учесник на Саемот преку проектот „Купи куќа, купи стан“, кој според министерот стана белег дека државата може да помогне во развојот на градежништвото и да го раздвижи пазарот, а што се покажува преку намалување на цената на становите во Скопје на приближно 900 евра од претходно 1.000 евра за метар квадратен.

- Тоа значи дека постигнавме да ги приближиме становите до можностите на граѓаните и нивно учество во проектот кој влијаеше и во насока на намалување на каматните стапки на банките за над 3 проценти што значи помали трошоци за граѓаните и поголема продажба на становите. Сето тоа е во корист на граѓаните бидејќи успеваат да дојдат до сопствен дом, истакна Ставрески.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега