ФОТО: Катарина Ивановска во новиот спот на ДНК – „Најмила“

По албумот „Срце“ од 2013 година и минатогодишните хитови „Она е од Шутка“  и “Север-југ“, ар-ен-би/рап дуото ДНК полека го комплетира материјалот за следниот албум.

 

На новото ЦД Андреј и Панчо повторно соработуваат со веќе проверениот композитор и продуцент, Лазар Цветкоски, а според неодамнешната објави на социјалните мрежи, првиот „пилот сингл“ од новиот материјал ќе го носи насловот „Најмила“.

 

Песната веројатно ќе пристигне заедно со видео запис, во кој главната улога ќe ѝ припадне на најуспешната македонска манекенка и светски топ модел Катарина Ивановска.

Видеоспотот за „Најмила“  би требало да го изработи екипата на „Томато продукција“.

 

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега