Јанакиески се огласи за односот со Ставрески

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска одговарајќи на новинарско прашање констатираше дека актуелните телефонски разговори кои ги објавува опозициската СДСМ се класично монтиран случај во соработка со странски служби. Тој потенцираше дека има одлични односи со министерот за финасии Зоран Ставрески кој воедно го смета и како дел од своето семејство.

-Можам да истакна дека Ставрески покрај тоа што ми е колега јас го чувствувам и како многу близок пријател кој е дел од моето семејство и понатаму односите ни се одлични, потенцираше Јанакиески.

Тој додаде дека Ставрески е еден од неговите подобри соработници со кого дискутираат буквално за сите проекти и изнаоѓаат средства за реализирање на сите проекти.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега