Оценките од екстерното ќе влезат во свидетелствата!

 

Министерството за образование и наука на инсистирањето на Младински образовен форум, оценките од екстерното тестирање да не влезат во свидетелството на учениците, одговори негативно.

-  „По однос на ова прашање Министерството за образование и наука веќе неколку пати пред јавноста го соопшти својот став. Имено, свесни сме за постоењето на одреденитехнички и процедурални нефункционалности на системот. Сепак, имајќи го предвид фактот дека станува збор за комплексен процес којшто опфаќа околу 200.000 учесници и многу податоци и којшто оваа година за прв пат се имплементира како една од најважните реформи во македонскиот образовен систем, процентот на отстапувања е минимален, што ни дава за право да го оквалификуваме како успешен. Уште еднаш напоменуваме дека нема да дозволиме ниеден ученик да биде несоодветно оценет и оштетен“, велат од Министерството за образование и наука.  

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега