На Жерновски не му се работело

На градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски очигледно не му се работи. Она што на граѓаните веќе од поодамна им е јасно, сега сам го потврди и првиот човек на централната скопска општина.

Ова може да се заклучи од последната објава на Жерновски на неговиот Фејсбук профил, каде споделувајќи фотографија праќа порака дека “не можел да издржи вака секоја недела“.

-Утре е понеделник? Повторно? Мислам дека нема да издржам вака секоја недела, гласи пораката на Жерновски објавена синоќа.

Веројатно на Андреј Жерновски му се смачило од прошетките низ Центар, разгледувајќи ги локациите, зградите и објектите кои им ги вети на граѓаните во својата изборна кампања, а кои никако да започне да ги гради и со тоа да ги оствари ветувањата.

Граѓаните досега не видоа ништо од ветените крупни проекти на Жерновски. Освен тоа што два пати отвораше една иста улица, која уште од самиот почеток беше проследена со низа контроверзии и ако на ова се додаде дека еден од главните “проекти“ на Жерновски беше и разгледување на три електрични столба, тогаш не треба да задучува незадоволството на центарци од градоначалникот, кој праќа порака дека не му се работело.

Жерновски поголемиот дел од времето наместо за своите проекти, како градоначалник го посветил  критикувајќи ги другите проекти кои не се во негова надлежност. Жерновски најмалку од своето време го посветил на позитивни теми и проекти од кои корист ќе имаат жителите на Центар, покажа анализата која неодамна беше објавена во медиумите.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега