Објавен конкурс за обука на пилоти

 

Министерството за одбрана на Република Македонија денеска објави конкурс за запишување на слушатели за стручно оспособување и усовршување на родот авијација.

Министерството за одбрана ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се пријават на конкурсот кој, како што се наведува во соопштението, претставува уникатна можност за стекнување специфични знаења од областа на военото воздухопловство и можност за пилотска кариера во АРМ.

Во процесот на селекција пријавените кандидати ќе поминат соодветни здравствени проверки, физички проверки, проверка на знаењето на англиски јазик, проверка на земја и проверка во воздух. Обуката на селектираните кандидати трае 18 месеци и се реализира во Центарот за обука на пилоти во склоп на Министерството, кој функционира согласно највисоките светски стандарди и во чии рамки се врши обука на авиони од типот Злин 242, хеликоптери Бел-206 и два најсовремени full motion симулатори за хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24.

Конкурсот за пилоти ќе трае до 6 април оваа година и може да се најде во денешните дневни весници, како и на интернет страницата на Министерството за одбрана и на Воената академија, www.morm.gov.mk иwww.ma.edu.mk

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега