Каспаров не верува во мирна транзиција на власта во Русија

 

Поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров во вчерашното интервју за Ројтерс упати критика кон Кремљ поради убиството на опозиционерот Борис Немцов во Москва.

- Борис залудно се надеваше, како што гледаме, дека ќе види некаква форма на мирна транзиција кон нормална, цивилизирана демократска власт, посочи Каспаров, опишувајќи го Немцов како еден од водечките приврзаниици на ненасилна политика.

Како што пренесува БТА, Каспаров посочи дека не гледа „начин Русија да еволуира од бруталната путиновза диктатура кон нешто умерено, како пред десет години“, додавајќи оти до промена може да се стигне само со насилно народно востание.

Каспаров им се приклучи на приврзаниците на Немцов, кои се сомневаат дека руските власти се одговорни за убиството на рускиот опозиционер, со цел да се испрати недвосмислена порака до активистите.

- Тоа е сигнал до сите ангажирани во опозициското движење, ете нема да го губам времето со судски процеси и да се преправам дела го почитувам владеењето на законот, едноставно ќе ве елиминирам, истакна Каспаров, кој живее во САД.

Тој наведе дека во САД нема телохранители и оти не стравува за животот се додека е надвор од Русија. Каспаров истакна дека нема да се враќа во Москва, ниту за погребот на Немцов.

- Не купувам билет во еден правец, наведе поранешниот светски шампион во шах.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега