Заврши средбата меѓу Лавров и Кери во Женева

 

 

Во Женева заврши средбата меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, јави ТАСС.

Засега нема коментари за средбата од двете страни. Пред средбата беше соопштено дека тема на разговор ќе биде ситуацијата во Украина и Блискиот Исток.

Средбата се одржа во женевскиот хотел „Претседател Вилсон“ зад затворени врати и траеше околу час и половина. Лавров и Кери се поздравија и ракуваа пред камерите по завршување на средбата.

Кери на својот „Твитер“ профил објави дека разговарале за Украина, Сирија и тековните преговори со Иран за нуклеарната програма.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега