Пратеник во бриселски парламент сака да креира Исламска држава во Белгија врз основа на шеријатскиот закон
Создавање на Исламска држава во Белгија што ќе функционира според шеријатскиот закон е планот и предвидувањето на Редуан Ахруч, пратеник во бриселскиот Парламент од редовите на „Исламската партија”.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според последните извештаи, главниот град на Кралството Белгија, Брисел, се прогнозира дека ќе има мнозинско муслиманско население до 2030 година, а можеби и порано. Затоа, муслиманската политичка партија - "Исламот партија" - која освои пратенички места во парламентот од муслиманско-мнозински области во земјата, наведува дека целта на оваа партија е да се создаде исламистичка држава во Белгија врз основа на шеријатскиот закон.
Овој план е веќе поведен и како парламентарна иницијатива на Ахруч и неговиот партиски колега-пратеник Лучин Жедиг, кои во октомври 2012 година освоија места во двете бриселски општини што голема мера се исламизирани, а се работи за Моленбек-Сен-Жан и Андерлехт. Овие двајца пратеници го сметаат нивниот избори како клучен за потврда на муслиманската заедница во Белгија.
- Ние сме избрани исламисти, но над се ние сме муслимани. Исламот е во согласност со законите на белгискиот народ. Како избрани муслимани, ние силно го подржуваме Куранот и традицијата на пророкот Мухамед. Ние веруваме дека исламот е универзална религија. Нашето присуство во градскиот совет ќе ни даде можност да се изразиме - порачува Ахруч, кој одбива да се ракува или да направите контакт со очи со жени во јавноста.
Белгиската Исламска партија, води кампања базирана на три основни прашања: обезбедување халал (религиозно дозволена храна и од исламски оџа опеана) оброк да се сервира во кафетериите на државните училишта, обезбедување на официјално признавање на муслиманските верски празниции и притисок за носење на закон со кој ќе се легализира носење на исламски шамии на јавни места.
Исламската партиј ана Ахруч промовира 40. точки на својата програма, чија основа е шеријатскиот закон. Овие точки вклучуваат, меѓу другот: 7) Укинување на каматите во белгискиот банкарски сектор; 10) Редизајнирање на белгиското судство во согласност со исламскиот закон; 11) Враќање на смртната казна; 12) Забрана на алкохол и цигари; 15) Промовирање на тинејџерски брак; 16) Сегрегација на мажите и жените во јавните површини; 20) Забрана на коцкање и игри на среќа; и 39), Создавање на официјален фонд за исламска милостиња (Закат).
Ахруч вели дека неговата крајна цел е создавање на Исламска држава во Белгија врз основа на исламскиот шеријатски закон и дека тоа нема намера д аго промени во делувањето на неговата партија.
Филип Клејс, член на Европскиот парламент од областа Фландрија во Белгија и член на фламанско-националистичката партија НВА, за весникот “Влаамс Беланг”, вели дека неговата партија се противи на мултикултурализмот и на понатамоѓната муслиманска имиграција во земјата. Според Клејс, она што се случува во оваа западно-европска земја е многу загрижувачки.
- Гледаме луѓе со исламска позадина како формираат политичка партија и бараат воведување на шеријатскиот закон и Исламска држава во Белгија. До сега, муслиманите главно поддржуваа социјалистички партии и други левичарски партии. Но, сега тие се чувствуваат доволно сигурни за да делуваат преку сопствена партија. Голем проблем е кога луѓето што се движат во Белгија не го почитуваат одвојувањето на џамијата од државата, ниту рамноправноста на мажите и жените и владеењето на правото.Треба да се стави крај на масовното доселување на луѓе кои доаѓаат надвор од Европа, главно од исламските земји, на луѓе кои не може и нема да се прилагодат на нашиот начин на живеење во Западна Европа - порачува европратеникот Клејс.
Овие бранувања во федералната држава Белгија доаѓаат по минатомесечната акција на белгиската полиција за сузбивање на исламистичко-терористички ќелии во пет градови во Кралството, при што две лица бе аубиени во градот Вервие, откако истите планирале во секој момент да почнат со тешко вооружување да напаѓаат полициски станици и да убиваат полицајци. Поради пораснатата религиска нетрпеливост во инаку каточичката држава Белгија, се помалку се говори за поделба на Фламанци и Валонци и нивно територијално раздвојување. Вакви дебати веќе отворено се водат во секој од седумте федерални парламенти во земјата, при што најжестотко е во парламентот на главниот град Брисел, кој единствено не припаѓа ниту на Валонија, ниту на Фландрија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа