Дивац се „збогува“ со Србија

Претседателот на Олимпискиот комитет на Србија прифатил да биде во управата на Кингс.

По истекувањето на мандатот оваа година на функцијата претседател на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дивац ќе се врати во Сакраменто Кингс и тоа потпретседател на клубот.

Легендарниот српски кошаркар и кажува „збогум“ на српската кошарка, а со оглед на тоа дека неговите деца ќе студираат во САД, многумина ваквиот потег го оценуваат како логичен.

Според пишувањата на српски Курир, Дивац прифатил да биде член на управата на Кингс.

Сакраменто во 2009-тата го пензионираше дресот со број 21 кој го носеше Дивац од 1999 до 2004 година.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега