Газдата на Фиком се обеси пред првиот слободен викенд

 

Газдата на Фиком, Никола Николиќ се самоуби пред да го дочека првиот слободен викенд вели за Плусинфо неговиот адвокат Александар Петровски.
Николиќ утрово околу 7:30 часот бил пронајден обесен во еден од тоалетите на затворот во Штип од страна на затворски чувар.

 

- Тоа се случило пред 8 часот, пред пребројувањето на затворениците. Во претходните наши разговори не покажуваше никакви знаци дека има намера да стори нешто лошо. Во петокот десетина пати се слушнавме и со нетрпение очекуваше да му соопштам до каде е со одлуката да може да го користи првиот слободен викенд откако беше осуден. А, требаше да излезе на слободен викенд или овој или следниот. Ете, за жал, не дочека. Сега се е веќе беспредметно. Имаше проблеми со лихварско-доверителските односи. Им велеше дека се ќе се среди кога ќе излезе, но тоа е - вели адвокатот Петровски за Плусинфо.

Никола Николиќ одлежуваше 15 годишна затворска казна откако беше осуден за аферата Фиком, кога еден стан го продаваше и на 15 различни сопственици. 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега