„Танец“ и МОБ ќе им помагаат на погодените од поплавите

 

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ во соработка со Македонската опера и балет в среда од 20 часот ќе одржи хуманитарен концерт за поплавените подрачја во Македонија. 

Ќе учествуваат солисти на Операта и солисти, танчари и оркестарот  на „Танец“. Цената на билетите е 200 денари.

На програмата се песни од народното творештво, кореографиите „Жетварка“, „Сретсело“, „Преспански игри“, „Малешевка“, оркестарските изведби „Шапкарево-касапско оро“, „Мерак тамбура оро“, „Моминско оро“.

Како солисти ќе настапат Марјан Стојановски, Сузана Спасовска, Билјана Јосифова и пејачки групи на „Танец“.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега