ФОТО: Лидери-најголеми масовни убијци во 20. век
Jугословенскиот лидер Јосип Броз Тито се најде на листата на Дејли Мејл на најголеми масовни убијци на 20. век.
Минатиот век ќе биде запаметен како век на смрт и масакри од невидени размери, век на Холокаустот и две светски војни, век во кој комунистите, нацистите, фашистите и воените диктатори убиле повеќе од 100 милиони луѓе.
Жртвите биле од сите делови на светот - од Обединетото Кралство, Франција и остатокот од Европа, преку Авганистан и Ирак, па се до Кореја и Виетнам.
1.Мао Це Тунг
Кинескиот политичар и лидер на комунистичкиот режим, е најголемиот масовен убиец во историјата. Повеќето негови жртви биле Кинези, кои по доаѓањето на комунистите на власт, умирале од глад за време на неговиот "Голем чекор напред", или биле убиени во работни кампови за време на Културната револуција. Неговото владеење довело до сиромаштија на огромен број на луѓе, а се проценува дека бројот на жртви изнесува 60 милиони.
2.Јосиф Сталин
Земјоделската политика на Сталин довела до голема глад и масовно изгладнување во Советскиот сојуз. "Чистките" на Сталин имале за цел ослободување од политичките неистомисленици, а метите често биле убивани или затворени во работни логори. Во тој период настрадале голем број на луѓе, а се проценува дека бројката изнесува 40 милиони.
3.Адолф Хитлер
Најозлогласеното злосторство на 20. век, Холокаустот, се случило по негов налог, а суровоста на нацистичката партија и денес не престанува да ги шокира луѓето. Околу 30 милиони луѓе настрадале поради неговото настојување Третиот рајх да стане Главна светска сила.
4.Јосип Броз Тито
Лидерот на Комунистичката партија на Југославија и претседател на СФРЈ, го заземал 13-тото место на оваа листа.
За време на владеењето на Тито, како што наведува Дејли Мејл, настрадале 570.000 политички неистомисленици.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа