Шокантната изјава на Мадона го згрози светот

Кралицата на поп-музиката Мадона гостуваше во емисијата на Џонатан Роси, која ќе се емитува кон средина на март, а сите желно исчекуваат да слушнат што ќе каже таа во врска несреќата, која и се случи на сцената, кога настапуваше на доделувањето на БРИТ наградите.

Мадона призна дека настапот се претворил во вистинско хорор шоу. Таа појасни дека тоа не било дел од настапот, како што некои тврдеа и оти никогаш повеќе нема да напише такви зборови за некоја песна, бидејќи чувствува дека вселената на овој начин и пратила порака. 

- Наметката која ја носев беше мошне тешка. Цврсто ми ја врзаа за да не ми падне и така во тој момент не се одврза. Не го повредив задникот, туку главата. За среќа многу пати сум паѓала од коњ па знам како да паднам, изјави Мадона.

Кога станува збор за песната „Devil Pray“, која содржи зборови како „we can get high, we can get stoned, we can do Es, we can do acid“ Мадона изјави дека лично не ја сака дрогата, иако ја пробала, но и дека не може да им каже на своите деца да не ја пробуваат. 

- Не сум фан на дрогата. Пред многу години сум пробала дрога, но не ми беше убава, не уживав, рече таа.

На прашањето како разговара со децата на таа тема кралицата на попот изјави: И кажав на Лурдес да донесува паметни одлуки во животот, да не претерува во ништо и да се обиде да не меша алкохол“.

- Нема да и кажам немој тоа да го пробаш, бидејќи е апсурдно и не е фер, вели Мадона.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега