Откриено како започнала романсата меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит
Иако долго само се шпекулираше на оваа тема, сепак во јавноста се појавија информации за тоа како и кога започнала да се развива хемијата меѓу најпознатата холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит.
Имено, според информациите, врската на најубавиот холивудски пар започнала уште за време на снимањето на филмот Господин и Госпоѓа Смит, како што и се шпекулираше.
Овие информации ги обелодени News of the world, а ги пренела двојничката на Анџелина Џоли, која сега заврши на суд.
Бред и Анџелина тајно се среќавале во хотели додека биле на турнејата за промоција на филмот па така ја започнале својата врска.
За потсетување, во овој период Бред беше веќе петгодини во брак со холивудската актерка Џенифер Анистон со која се разделија поради прекрасната Анџелина.