Северина и Наташа Беквалац ќе се посватат

Северина Вучковиќ по се изгледа веќе си одбрала снаа за син и Александар и тоа ќерката на Наташа Беквалац, Хана, која со мајка и од првиот ред го следела концертот на хрватската пејачка во Белград.

Имено, Севе за време на концертот се симнала од сцената до првиот ред, за на другарка и Наташа да и ја отпее песната "Пријатељице", а на која воедно и ја честитала и свршувачката со Љубомир Јовановиќ. Потоа го земала за рака син и Александар и го довела пред ќеркичката на Ната и рекла:

-Сине, дојди да те запознаам со ова девојче, види колку е убаво, рекла Северина.

Оваа симпатичка сцена публиката ја наградила со огромен аплауз, а нејзиниот потег измамил насмевка и кај нејзината потенцијална сваќа Наташа која била воодушевена како од концертот, така и од Александар.

-Северина е прекрасна личност, внимателен пријател, грижлива и нежна мајка. Севе -блескаше, а Александар е многу убав и харизматичен, изјавила новосадската барбика за српските медиуми.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега