Ќерката на Робин Вилијамс проговори за самоубиството на својот татко

Зелда Вилијамс, ќерката на починатиот актер Робин Вилијамс, шест месеци после смртта повторно е во јавноста, од каде што се повлече поради големиот медиумски притисок. Наследничката на популарниот актер одлучила да проговори за оваа тешка тема.

- Нема смисла да ме прашувате зошто мојот татко се одлучи да си го одземе животот, изјавила таа во првото интервју откако актерот изврши самоубиство. Не сакам да се преиспитувам. Гледам во иднината и фокусирна сум на хуманитарна работа, ќе потрае додека се сетам на среќниот живот кој го имав, рекла Зелда и додала дека ќе и треба некое време да си допушти некаков вид на забава.

Таа во последно време приметила дека почнала да зборува за болеста на нејзиниот татко.

- Мојот татко зборуваше за проблемите со алкохолот. Знаеше и да се пошегува на таа сметка, не се криеше. Ако нешто ве растажува споделете го тоа со другите. Важно е да зборувате за важните работи. Не можеше да поднесе некои луѓе низ тежок период во животот да поминуваат сами. Мене и на мојот брат тоа ни е најголем дар. Тој на некој начин, направи многу луѓе на овој свет да се чувствуваат осамени. Мораме да продолжиме да живеееме, заклучила ќерката на актерот.

Вилијамс со години пател од депресија. Минатата година на 11 август извршил самоубиство во својот дом во близина на Сан Франциско.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега