Манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во прилепско во полн сјај

Со поддршка на Министерството за култура заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „ Св. Преображение“ во село Зрзе, Прилепско.

Како што соопшти Министерството за култура, согласно проектот за заштита на овој значаен споменик на културата изработен од стручните служби од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп беше извршена реконструкција и внатрешно уредување на Монашкиот конак во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство. Во монашкиот конак, согласно проектот, е реконструирана и магерницата. Исто така, преземени се активности и за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на кулата до влезната порта, како и делумна реконструкција на северо-источниот бедем. Во рамки на завршните активности за заштита на манастирот „Свето Преображение“ е реализирана изведбата на Горна порта како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс.

Претходно на оваа локација се спроведени големи археолошки истражувања, кои резултираа со пронаоѓање монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и ранохристијанска базилика од V век, што го определува Зрзе како културен центар уште од најраните пројави на христијанството на територијата на Република Македонија. Паралелно со реконструктивните зафати во состав на манастирскиот комплекс „Зрзе“, Јавното претпријатие за државни патишта го изгради и локалниот пат кој води до овој културен и верски објект. 

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега