Метеоролозите со лоши вести за викендов

Времето во Македонија ќе биде насекаде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.

Потоа во наредните денови повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Стабилно и суво време со пораст на дневната температура ќе има во почетокот на наредната недела. Од недела времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во недела од девет до 14, а во почетокот на наредната недела од 10 до 16 степени.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега