Тетовчанец фатен со хероин
Против лицето Р.А. од селото Одри, тетовско, е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотична дрога“.
Во Тетово сопрено е патничко возило „алфа ромео“ управувано од пријавениот во кое како сопатник било уште едно лице од Тетово, а при извршениот преглед во возилото биле пронајдени паковки, а по извршено вештачење е утврдено дека се работи за 1,83 грама хероин.
Во земените примероци од урина кај пријавениот и другото лице, како што информираат од МВР, е констатирано дека има присуство на опијати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа