САД располага со оружје пострашно од нуклеарното
Се ближи времето на програмирано биолошко оружје, а научниците предупредуваат дека тоа би можело да биде еднакво смртоносно, ако не и повеќе од нуклеарното оружје.
Имено, агенцијата "ДАРПА", веќе со години ја истражува можноста за употреба на синтетичка биологија во воени цели, па во 2014 година во тој правец било основано и бирото за биолошки технологии внатре во таа агенција. Нивното истражување досега е застрашувачко.
Во биолошкото оружја се користи нешто што се нарекува синтетичка биологија, која е слична на генетскиот инженеринг, но на стероиди. Во основа, станува збор за репрограмирање на гените, да прават точно одредена функција.
-Биолошки базирани судири во иднината би биле премногу луди поради тоа што ќе го уништат производството на храна, ќе ги уништат изворите на вода, ќе ја отстранат можноста за размножување, ќе ја отстранат можноста за лозата на гените да се шири, се само некои од примерите кои ги навел Мајкл Кров, декан на американскиот државен Институт Аризона.
Кров предупредил дека мора сериозно да се седне на маса и добро да се размисли што ќе се прави со тие работи, пред да ги изгубиме сите конци во рацете.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа