Српска естрада: Знаат дека мажите ги изневеруваат, но не ги оставаат

Славата и моќта на нивните сопрузи изгледа им е попривлечна отколку гордоста и сликата за себеси во очите на околината.

И додека чаршијата зборува за видеото каде Шабан Шаулиќ ја бакнува својата млада љубовница Ивона Неговановиќ Цуца, неговата сопруга Гордана вели дека нема намера да го остави

Токму овој настан не инспирираше да направиме листа на сопругите кои и покрај сета нанесена болка не ги оставаат своите неверни мажи.

Шабан и Гордана Шаулиќ

- Гордана веќе неколку години му прогледува низ прсти на својот сопруг за неверствата со три пати помладата пејачка Ивона Неговановиќ.

Извори блиски на парот велат дека и Гоца му враќа на Шабан во иста мера, па затоа го толерира. Но неа особено ја погоди кога во јавноста излезе видео каде Цуца го бакнува кралот на народната музика и пред јавноста беше потврдена нивната врска.

510151_saban-saulic-i-supruga-goca04rasfoto-hello-magazin_f

Жељко и Милица Митровиќ

Според животот на овој брачен пар може да се сними возбудлив филм. И покрај бројните пикантни детали од нивната биографија, Жељко и Милица својот брак го претставуваат како идиличен, иако сите знаат дека тоа е само претстава за јавноста.

Во декември месец сите гледаа кога газдата на телевизија Пинк се врати потресен од погребот на својата „пријателка“ Ивана Бодрожиќ со која всушност бил во врска седум години. Неговата сопруга Милица го дочека дома со бакнежи, а фотографиите ги објави и на социјалните мрежи.

552318_ceca-slava10rasfoto-rajko-ristic_f

Милутин и Драгица Мркоњиќ

Пријателите на политичарот Милутин Мркоњиќ велат дека неговата сопруга Даша е болна и затоа не се занимава со неговата врска со пејачката Ана Бекута и не бара развод иако веќе десет години не живеат заедно.

Поранешниот министер потврдува дека не планира развод иако веќе три години е во врска со пејачката Ана Бекута.

-Ана е чесна жена и не е моја љубовница. Таа е мојата единствена љубов, изјави Мркоњиќ.

400159_ana-bekuta-rodjendan060913ras-foto-dimitrije-goll-36_f

Извор: Вистина.мк

 

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега