Да помогнеме Михаил и Андонија да имаат дом и среќно детство!

Домот на семејството Стојкови настрада во пожар, па родителите и нивните дечиња Михаил и Андонија изгубија се што имале во животот.

Апел до хуманите граѓани да им помогнеме и барем малку да им дадеме утеха во овие најтешки денови.

Потребна е облека машка и женска со големина xxl и м за родителите, а за дечињата машка облека со број 10, обувки број 33 и женска облека со број 5 и обувки 26.

На ова семејство им е потребен и мебел, покуќнина... Едноставно се.

Но најважно е да помогнеме со парични средства за барем малку да им се помогне во изградба на домот кој го изгубиле.

Доколку сакате да однесете каква било донација кај семејството Стојкови, побарајте ја Симона на телефонскиот број 078 217 173.

Оние кои се во состојба може да донираат на следната сметка:

Халкбанк 270-7000352102-70

Цел на дознака „Стојкови-за донација“.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега