Џафери се сретна со својот француски колега

 Министерот за одбрана Талат Џафери кој престојува во Франција на 50-от Меѓународен саем за аеронаутика што се одржува во Бурже, вчера се сретнал со францускиот министер за одбрана Жан – Ив Ле Дриан.

- На средбата се разговараше за билатералната соработка во одбраната, која е од исклучително значење, како заради поддршката на Република Македонија за влез во НАТО, така и поради улогата на Франција во рамките на Европската безбедносна и одбранбена политика (ЕБОП) посебно во делот на афирмација на напорите на Република Македонија на патот кон ЕУ. Воедно министерот Џафери му упати покана на својот француски колега, Ле Дриан за посета на Република Македонија, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

Покрај средбата со францускиот колега, министерот Џафери имаи средба и со генералот Ига Лусеран, директор на дирекцијата за вооружување во Франција.

За време на престојот во Франција, министерот за одбрана се сртенал и со други високи претставници од француското Министерство за одбрана, како и со претставници на други земји учеснички на саемот во Бурже.

најчитано сега