Триумф на Вардар против Раднички во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар вечерва постигнаа нова победа во СЕХА лигата откако славеа против Раднички на негов терен во Крагуевац. „Црвено-црните“ триумфираа со 38:29 (20:13). Оваа победа го зацврсти македонскиот тим на второто место на табелата со 39 бодови.

Тимот на Раднички имаше водство единствено на почетокот на дуелот (1:0 и 2:1), а потоа Вардар постојано ја зголемуваше предноста. Добривое Марковиќ со 8 голови беше најефикасен, а Филип Лазаров и Стефан Терзиќ (сите од Вардар) постигнаа по 7. Голманот Страхиња Милиќ имаше 13 одбрани.

За избраниците на тренерот Раул Гонзалез следува уште еден натпревар од СЕХА лигата на гостински терен бидејќи веќе в сабота Вардар игра против Татран Прешов во Словачка.

Табела: Веспрем 48 бодови (16 натпревари), Вардар 39 (16), ППД Загреб 30 (15), Татран Прешов 30 (15), Мешков Брест 27 (14), Металург 15 (14), Нексе 13 (16), Војводина 10 (17), Борац 7 (15), Раднички 7 (16). 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега