Михајловски: Го продадоа името, знамето и народот - сега сакаат и државата

Од нашите најмногу сме пателе, рече Тони Михајловски на вечерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Кавадарци.

Според актерот Тони Михајловски, многу пострашно е тоа што земјата е нападната одвнатре.

 -  Како народ најмногу сме пателе од сопствените злостори. Реченицата на Гоце Делчев дека не видел народ кој толку пател од домашните злостори како македонскиот одамна не била поточна, рече Михајловски. 

На другата страна, додаде Михајловски, имаме докажани кукавици и предавници. Во деведесетите го предадоа името, веднаш потоа знамето, а со самото тоа го предадоа и народот.

Побара да се објават, ако има снимени разговори, кои ќе ги откријат тајните за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров  и за смртта на Борис Трајковски.

Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци. 

ГДОМ досега одржа трибини во неколку градови во Македонија, меѓу кои, Битола, Велес, Штип, Куманово

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега