Бразил на нозе - продолжуваат протестите за Светското првенство во фудбал

 

Десетици илјади Бразилци синоќа повторно излегоа на улиците на Сао Паоло на уште еден гласен протест против високите даноци и цени, нискиот квалитет на јавни услуги и корупцијата во владеењето, пренесоа американските медиуми.

И покрај доминантно мирниот карактер на протестот мали групи радикални елементи влегоа во судири со полицијата и упаднаа во продавници, какви што глетки впрочем имаше и во текот на претходните денови во демонстрациите во целата земја.

Властите во најмалку четири града се согласија да ги вратат старите цени на билетите, но не е познато дали тоа ќе ги смири луѓето во земјата, затоа што протестите на Бразилците се и заради нивната тешка борба за преживување, посочуваат американските медиуми.

Честа парола, што тие ја скандираа на митинзите е : „Без партии“.

 

најчитано сега