Еден час откако ја погребале, слушнале тропање и викање
Работници на гробишта ископале штотуку закопан гроб, откако слушнале викање и тропање еден час откако е погребана 45-годишна жена.
Го земале алатот, но бидејќи ништо не можеле да најдат, го откопале гробот на жената која се разбудила и сфатила дека е жива закопана. За жал неименуваната жена умрела пред да биде спасена на гробиштата во близина на Солун. Таа се загушила.
Сега на ред е полицијата која треба да испита зошто жената која се лечела од рак е прогласена за мртва.
-Едноставно не верувам во тоа. Направивме неколку тестови, Невозможно е некој во состојба на мртовечка вкочанетост да вика и удира во сандакот, вели еден од лекарите.
Се очекува патологот да го прегледа телото и да го каже своето мислење, а во меѓувреме семејството на починатата жена најавува дека ќе поднесе тужба против медицинскиот персонал кој бил одговорен за нејзиното лекување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа