Џафери ќе зборува за родовата рамноправност во одбраната

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска ќе се обрати на конференцијата „Родовата рамноправност и родовата перспектива во одбраната и во безбедноста“.

Пред учесниците на конференцијата ќе се обратат и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, како и други високи претставници на министерствата од соседството.

На конференцијата и претходеа повеќе активности преземени од македонското Министерство за одбрана во насока на подобрување на состојбите со родовата перспектива во одбранбениот сектор.

Во текот на минатата година беше формиран Комитет за родова рамноправност и родовата перспектива во одбраната во кој беа вклучени претставници и од Армијата на Република Македонија и од Министерството за одбрана. 

најчитано сега